събота, юни 01, 2013

Който ни освободи, той ще ни окупира или окупация след окупацията

За интересуващите се от история не е тайна, че най-новата история на балканските народи все още е силно идеологизирана. Събитията се интерпретират най-вече през призмата на старите комунистически идеологеми. В Македония децата все още изучават своята история от учебници, писани от сърбомански ‘професори’. Подобно е положението и в България, където митовете на криворазбраното русофилство все още намират благодатна почва у нас, подхранвани от обилното торене на руската пета колона и всемогъщи енергийни монополи.
И така, вече повече от 20 години, продължаваме да се лутаме в остатъчния сумрак на половин вековното затъмнение, причинено от злополучно стоварилия се над страната ни Московски метеорит. Ако перифразирам пророческите думи на Левски за нашите 'освободители', те ще звучат така: "който ни освободи, той ще ни окупира".


Днес обаче ми попадна нещо, което ми дава надежда, че духовната окупация и произвол над истината за миналото рано или късно ще излезе наяве. Вижте това писмо на Панче Арсов, пенсиониран учител от Македония, до македонския в-к «Дневник», както и коментарите под него (материалът е със заглавие "Окупация след окупацията"). По-долу помествам оригиналния текст, а превод на български може да намерите тук

ПИСМО
Окупација по окупацијата
"Дневник", Македония
Празнуване Деня на народните будители - Скопие 1942 г.
Веќе цели 70 години ме мачат, а верувам има и многу мои истомисленици, а тоа се – како да ги именувам, освен лажни – демагошки временски периоди : „за време на окупацијата“ или „за време (или) по ослободувањето“. 
Деца от Охрид разглеждат читанка.
Празник на земята - Скопие, 1942 г.
Па, се прашувам, и ја прашувам целата македонска јавност: Дали сме биле под некаква слобода од 1918 година до 1941 година, па дошла окупацијата? Јас како жив свидетел, верувам има и многу други живи, а помладите имаат слушано или читано, за таа „слобода“.

Со секаква одговорност кажувам дека ние во Вардарска бановина, бевме под таква невидена тортура и асимилација, за која можат Србите и ден-денешен да се срамат! Таква беда и сиромаштија со големи давачки спрема државата - „порез – прирез“ и друго, најубаво ни го опишува нашиот мил, а убиен од нив - Kоста Рацин. Вечна му слава!

Да ги спомнам и другите асимилаторски методи: менување имиња и презимиња (иќ) менување на имиња на села и градови, како остаток и по 70 години (Глишиќ, Николиќ, Петровец и др. ). А затворите преплакаа од „Лепоглава“, па до најмалите! Има уште многу, многу да се кажува, а историјата го има сигурно запишано!

Е, сега дојде окупацијата! По изгубената, драга и мила слобода! И за овој тригодишен период, сум жив сведок. Ќе зборувам за моето родно место Свети Николе. Иако беше во Kраљевина Југославија, т.е. во Вардарска бановина, најголем срез во Овчеполието, имавме училиште само до четврто одделение и тоа со по една паралелка. Со доаѓањето на окупаторот отворија про – гимназија, во која и јас како 13-годишно момче продолжив да се школувам. Во гратчето имаше 20 – 30 германски и толку бугарски војници. Со населението, особено со нас младите, се дружевме, спортувавме, игранки и тие на никого ни со малиот прст не удрија, а камоли да убијат. Открија една група „илегалци“, на чело со Г. Гаврилски. По неколку дена притвор ги ослободија. А после и тие и уште други, ни чуени ни видени, станаа „позадинци “, а за време на „ослободувањето“, па и до денешен ден, примаат боречки пензии и со многу други привилегии.

Сега, како жив свидетел, во куси црти да се искажам за „најмилата“, „најзлобната“, „ѕверската“ убиствена епоха – „по ослободувањето“.

Таа „слобода“ што и ден-денешен се користи кај нашиот многу наивен народ не ја донесоа „шумкарите“, како што ни се прикажуваат, туку големите светски сили. Да не беа силите (УСА, Англија, СССР ), уште 100 години да шетале по селата, немале да создадат држава! И со лажни, само за нив својствени лажни пароли: „Да ги уништиме кулаците и воените богаташи и ќе живееме сите еднакво“. Па и до ден-денешен се служат со само ним својствени лаги: „Ќе сечам краци на октоподот“, „ќе сечам лента за една година на пругата за Софија“, „ќе сечам лента на автопатот Велес – Прилеп “ и како бисер ќе рече: „ќе сечам раце на крадците“ - прво на себе, па на други.

На крајот да го кажам и тоа што го прочитав во печатот, а тоа е дека: „нашиот драг и мил Тито, кој не знаел за Голи Оток“, по испитување на германска агенција, го добил „само“ 10. место по убиства на својот народ (1.000.000 )!

И по Тито - Тито! „Друже Тито, ми ти се кунемо“.

Апелирам до сите Македонци, ако сакаат да ја видат сета оваа моја „измислица и лага“ да го посетат Музејот на македонската борба, во кој е прикажано сето минато и трите епохи, кои се потрудив да ги изнесам, за да ми олесне на мојата старечка душа.

ПанЧе Арсов, уЧител во пензиЈа